Популарниот водител, актер и пејач Огњан Амиџиќ и неговата сопруга која има македонско потекло, манекенката Даниела Димитровска се заедно веќе девет години. Естрадната двојка се венчаше пред седум години и живеат во прекрасен стан во Белград.
Но досега и приваноста и семејниот дом го криеја далеку од очите на јавноста. Овој пат згодната Данијела реши да ги отвори вратите на нивниот дом и да ги пушти барем за миг фотографите да ја снимат ниовната хармонична животна средина.
Бидејќи славната двојка го има 5-годишниот син Матија, нивниот дом е украсен според нивните, ама и неговите потреби. Забележително е дека во станот доминира белата боја.
Просториите се исполнети со минималистички детали во бела, црна и црвена боја, така што сè изгледа многу внимателно избрано, со префинет вкус за нивниот дом да изгледа толку топол.
Фото: ATA Images