Милан Калиниќ може слободно да каже дека е среќен човек, бидејќи после деценија ипол брак тврди дека не би променил ниту една секунда помината со сопругата. Сандра Калиниќ важи за убава и негувана жена, а познатиот актер и водител искрено признава дека не му пречи кога другите ја гледаат.
View this post on Instagram
„Секако, би ми пречело некој да се обиде да ја премине границата на добро воспитување, но нема ништо лошо ако се однесува културно со убава и згодна жена, како што, на крајот на краиштата и јас самиот тоа го правам. На тоа гледам како комплимет. Мојата сопруга има четириесет години, заедно сме скоро дваесет години, а таа е „топ риба“. Сандра е една од најженствените, најубавите жени во Белград. Каде и да се појавиме, таа е или најубава или меѓу трите најатрактивни. Вистинскиот маж кој е сигурен во себе, а пред се оној кој ја сака својата сопруга тоа само може да го импресионира.“
„Не се „ѕверам“ наоколу, но сакам да загледувам. Тоа го правам и пред Сандра. Впрочем, понекогаш коментираме заедно“ – откри во една прилика Милан.
View this post on Instagram
„Сè додека е во границите на пристојноста – нормално е, но не е нормално да се правиме луди кога факт е дека некој ни го привлекол вниманието. Тоа е лицемерно. Кога се преправаме дека не сме забележале дека некој изгледа добро, тогаш има причина за сомнеж“- изјавил Калиниќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/kalinic.milan72