Постпартум периодот за мајките знае да биде особено тежок и предизвикувачки напорен, особено за оние кои за првпат се оствариле како мајки.
За сопругата на македонскиот пејач Павле Камилоски, планинарката Ирина Дишо, оваа фаза е период за адаптација, како за неа така и за бебето, но вообичаените мајчински први месеци се поинакви.
Па така, наместо поголемиот дел од денот да го минува дома спознавајќи се’ и сешто, Ирина гледа задолжително дел од денот да го помине во природа.
View this post on Instagram
Поточно, таа не излегува од својата секојдневна рутина, а тоа е искачувањето на Водно.
Тазе породената мама сега е мотиватор која преку Инстаграм ги кани попхрабрите и ентузијастички настроените мајки да ги земат своите бебиња во „кенгур“ и заедно со неа да се искачуваат.
„Дали денес видовте поубава слика“, рече Ирина која планираше буквално и до пред породувањето и постојано споделуваше видеа и фотографии.
Тоа најпрвин го направија четири нејзини пријателки, а сега од утре Ирина ги кани сите оние мајки кои се расположени да направат еден ваков смел потег.
Дека лесно, не е, но искуството и дожвувањето е ненаборовано, особено со тоа мало суштевство на кое воздухот таму му е идеален за спиење, а за мамичките ова е идеален тренинг за враќање во форма.
Ирина ги чека оние похрабрите, за и тие како неа да го почувствуваат благодетот и тоа во конекција со бебето на себе.
За потсетување планинарката Ирина и пејачот Павле Камилоски пред речиси три месеци станаа родители за првпат, добија синче кое го носи името Јосиф како неговиот дедо.
фото:Инстаграм принтскрин/Ирина Дишо