Канје Вест во саботата вечерта уживал во романтична вечера со сопругата Бјанка Ценсори во познат холивудски ресторан.
Како што пренесува Дејли Меил, бујната русокоса ги покажала градите во многу тесен спортски градник во беж и тесен сив спандекс и така го привлекла вниманието на речиси целиот свет.
Канје ја прошета својата поубава половина облечена во тесни хеланки, кои ги опреми со футуристички влошки кои изгледаа како влошки за боречки вештини. Познатиот рапер носеше и широк црн синтетички џемпер.
Во меѓувреме, поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан е сингл и подготвена да си најде ново момче.
„Ким е повторно отворена за состаноци“, открил инсајдер за Entertainment Tonight, додавајќи дека „се чувствува добро и има голема самодоверба“.
Фото: Принтскрин/Јутјуб/Профимедиа