Една од најпопуларните модни дизајнерки во Србија и сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, Мелина, гостуваше во емисијата „Пемиера викенд специјал“, каде на сите млади уметници им даде поттик да веруваат во себе, а притоа откри и како ја доживува Џенифер Лопез која е нејзина клиентка.
-Како прво, јас долго време бев изгубена. За запознавањето со Шерон Стоун, а потоа и со Џенифер Лопез и самата бев во чудење. Јас сум доказ дека се е возможно ако верувате во себе. Јас славните не ги доживувам поинаку од обичните луѓе. Секоја жена сака добро да изгледа. Јавните личности имаат стилисти кои ги советуваат за да изгледаат така. Џеј Ло носи конфекциски број 36, има манекенска фигура, иако нам не ни изгледа така, открива Мелина.