Радио Милева

Сопругата на Харис Џиновиќ и напиша порака на Џенифер Лопез која пак дебло ќе ја искешира!

Сопругата на Харис Џиновиќ и напиша порака на Џенифер Лопез која пак дебло ќе ја искешира!

По спектакуларното музичко шоу кое го приреди во Лас Вегас, Џенифер Лопез на забавата потоа на црвениот килим се појави во креација на Мелина Џиновиќ, сопругата на Харис Џиновиќ.

Познато е дека Џеј Ло е голем љубител на нејзините креации, со оглед на тоа дека ги носеше на неколку случувања.

Меѓутоа овој пат светски познатата пејачка и актерка, побара дури 13 модели специјално изработени фустани.

Познатата дизајнерка со фотографија од Лопез се пофали на социјалните мрежи и се заблагодари за довербата.

Мелина уште еднаш покажа дека цврсто стои на модната сцена, а освен Џенифер, нејзини креации носат и Шерон Стоун, Софија Вергара, Мараја Кери и други…

фото:промо

To top