Радио Милева стрес

Сопругата на Ѓоковиќ откри детали од приватниот живот – Сашка Веселинов проговори за сѐ што ја мачи (фото)

Сопругата на Ѓоковиќ откри детали од приватниот живот – Сашка Веселинов проговори за сѐ што ја мачи (фото)

Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, Сашка Веселинов неодамна откри дека е во блажена состојба и дека за три месеци ќе стане мајка.

Таа открила детали од приватниот живот, а признала и дека поради голем стрес и паднала косата.

Како што истакнала, иако бебето е немирно, таа успева да ги извршува сите обврски во текот на денот и покрај мачнините работи на својот приватен бизнис.

-Покрај гадење, болки поради отоци, бебе кое е хиперактивно и постојано клоца, сепак успевам редовно да тренирам, да го ширам приватниот бизнис и да отворам салон за венчаници пред породувањето – напиша Сашка на својот Инстаграм профил и додаде:

– Јас сум многу среќена! Благодарна сум што го имам најдобриот сопруг, најгрижливите родители и прекрасните пријатели. Срцето ми е полно.

Сашка не застана тука, туку во следната објава истакна дека ужива во бракот со сопругот Ѓорѓе, братот на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

– Начинот на кој ме гледаш, насмевката што ја имаш кога зборуваш за нас, среќата што ја шириш затоа што наскоро ќе се оствариш во најубавата улога… Ова ми дава потврда дека ја избрав вистинската личност за татко на моето дете – напиша Сашка со гордост и шеговито додаде:

– Да знаев дека бракот изгледа вака, ќе се омажев порано.

Сашка меѓу другото признала дека и паѓа косата од преголем стрес.

– Се откажав од работата во телевизијата затоа што почнав приватен бизнис. Секој кој се занимава со тоа знае дека ако не сте во него 100 проценти, тој успех е тешко возможен. Можам да ви кажам дека во еден период косата интензивно ми паѓаше поради стрес.

Фото: Принтскрин/Информер/ Инстаграм

To top