Пејачот Дарко Лазиќ неодамна се ожени со својата најголема љубов од детството Катарина.
Двајцата направија гала венчавка, каде собраа бројни пријатели, колеги и семејството.
Познато е дека Лазиќ не е човек кој штеди, па заедно со својата избраничка се потрудил се да биде на ниво.
За таа прослава се уште се зборува, а Катарина Лазиќ сега го откри најоригиналниот, а воедно и најнеобичниот подарок што го добиле.
– Најубав подарок беше една наша слика, која беше рачно насликана, а најнеобично, верувале или не, празен плик. Ги поздравувам оние што ни донесоа празни пликоа, бев многу изненадена – изјави Лазиќ со чудна гримаса на лицето.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес