Не тајна дека младата и атрактивна сопруга на познатиот инфектолог Д-р. Вело Марковски изгледа како да е тинејџерка: нежно, женствено, божествено… Некогашната манекенка денес магистер по економски науки иако е сопруга и мајка на две малолетни деца, својата става отсекогаш ја негувала и внимавала на изгледот.
View this post on Instagram
Дали начинот на исхраната, спортувањето, можеби генетиката или сето тоа заедно се „виновни“ за тоа што Евгенија и денес изгледа како за на модна писта е прашање за милион долари? Од сето тоа ако го исклучите и стресот зашто колку што е познато и покрај разликата во годините или можеби токму затоа, таа има мошне хармоничен брак со докоторот, па веројатно тука лежи и одговорот.
Нејзиниот Инстаграм повремено го полни како фото албум, најчесто со фотографии од себеси или понекоја заедничка и семејна, а највпечатливи секако се оние на кои Евгенија е во костим за капање.
Како оваа последната, која ја споделила на почетокот на ова лето, во зелени бикини со алка и темни сончеви очила, додека позира на песочната плажа крај брегот.
Младешкиот изглед и складните телесни пропорции се оние нешта кои веднаш паѓаат в очи, па доколку не знаете за кого се работи, би помислиле дека е во прашање некоја осамена тинејџерка на која секој дел од нејзиното торзо има совршена мерка.
И не само на оваа, така е на секоја фотографија на која Евгенија е во некаква летна комбинација на себе или во костим за капење…
Едноставно, сопругата на Д-р.Вело има извајано тело.
Без разлика дали е во летено фустанче или во бикини, Евгенија Марковска е како од насловница на модните магазини!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/evgenija.markovska