Радио Милева

Соопштени резултатите oд обдукцијата на холивудската актерка која се удави пред 4- годишниот син

Соопштени резултатите oд обдукцијата на холивудската актерка која се удави пред 4- годишниот син
фото: тањуг/ап

Актерката Наја Ривера (33) исчезна на 8 јули во езерото Пир, а нејзиното безживотно тело беше извлечено од езерото на 13 јули, потврдуваат од локалната полиција.

По обдукцијата, официјално е соопштена причината и начинот на смртта.

„Причина за смртта е давење во вода, а начинот е несреќен случај“, вели докторот од Вентур.

Во изјавата на Твитер, докторот напиша дека е направена потполна обдукција.

Тој истакна дека потпеното тело на актерката одговора на времето кое го поминала под вода.

„Не се утврдени трауматски повреди, ниту пак некоја болест. Нема знаци дека дрогата или алкохолот играле улога во оваа смрт, а примероците од крв ќе бидат доставени на понатамошни токсиколошки испитувања“, се наведува во соопштението.

фото: твитер

Потсетуваме, полицијата откри дека Наја имала доволно сила да го качи синчето на чамецот и да го спаси, но немала доволно време да се спаси себеси.

Останати вести од Радио Милева