Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во историјата се пласираше на едно континентално првнество, ЕП 2021.
Фудбалерите на Македонија ги победија избраниците на Грузија, сонот на Горан Пандев стана јаве, сонот на многу генерации фудбалери кои го носеле националниот дрес за прв пат се претвори во реалност.
Пробивот на Елмас во 56 минута, додавањето од Несторовски и маестралната завршница на нашиот капитен Горан Пандев, беше доволна за победа во финалето од Лигата на нации против Грузија во Тбилиси. Радост и еуфорија, ерупција од емоции и воодушевување, прослава и радост во душата, која сега навистина има зошто да се радува.
Македонските фудбалери испишаа историја и се најдоа во елитното друштво, меѓу великаните на европскиот фудбал на една завршница на ЕП. Браво момчиња, Македонија се гордее со вас!