Соња Вуксановиќ, бившата жена на пејачите Аца Лукас и Жељко Шашиќ во војна со нивните сегашни! (ФОТО)

26 Мар , 2018 Радио Милева

Соња Вуксановиќ, бившата жена на пејачите Аца Лукас и Жељко Шашиќ во војна со нивните сегашни! (ФОТО)

По веста дека Соња Вуксановиќ пред еден ресторан во Нов Белград, наводно ја нападнала Катарина Лазиќ  – сегашната свршеница на нејзиниот поранешен сопруг Жељко Шашиќ, , се огласи и Божана, инаку актуелна девојка на се’ уште законскиот сопруг на Соња, пејачот Аца Лукас.

Божана  очигледно едвај чекала да се огласи на оваа вест, па цврсто застана во одбрана на  Катарина Лазиќ.
Кале, со тебе сме! – напишала Божана на својот Инстаграм, алудирајќи на себе и на Лукас.
Катарина Лазиќ инаку изјави  дека Соња при нивната случајна средба ја нападнала со навреди и клоци по што веднаш на местото на настанот  повикала полиција.

„Отидов да сочекам една моја пријателка а таа стоеше на влезот. Се здаде и ме клоцна. Потоа почна да ме навредува: “Ку * ветино распадната. Веднаш ја повикавме полицијата која направи и записник. Бев во Ургентниот центар. Психички бев многу вознемирена и растроена поради тоа што се случи“ – изјавила Катарина за српски Телеграф.

Од друга страна, Соња Вуксановиќ негира дека имало било каков инцидент.

„Ништо не се случило. Дури и не знам која е оваа? Во тој ресторан бев со пријатели. Јас навистина не ги следам девојките на поранешните сопрузи, не ми е гајле за нив.Таква слава преку мојот грб ако мислат дека можат да стекнат, се зафркнале.  Мене ова воопшто не ме интересира“ – категорички демантира Вуксановиќ.

Фото: А. Налбантјан, Фејсбук / Катарина Лазиќ/ATA Images

 

, , , ,


Comments are closed.