Мегафон

„Сонце за три светови“ – фестивал на македонски евергрини во Крушево

„Сонце за три светови“ – фестивал на македонски евергрини во Крушево

„Сонце за три светови“ – минатото, сегашноста и иднината-голем концерт на евергрин македонска музика на платото пред споменикот „Македониум“ во Крушевое проект кој ќе создаде трајни вредности – записи по повод одбележувањето на „30 години независност на Република Македонија”.

Целта е со овој ексклузивен настан на вонвременски песни (евергрини) кои ја заслужиле својата вечност во етерот, да се одбележи универзалната глобална димензија на македонската државност, нејзиниот јубилеј – 30 години независност и моментумот на нејзиното битисување одразен низ призмата на минатотото (просторот и песните), сегашноста (настанот и одбележувањето) и иднината (младите изведувачи и видео записите како трајна вредност). Оттука одбележувањето на независноста во кои ќе се разлеат звуците и боите на државноста, ќе биде сниман, стримуван на интернет медиумите, емитуван на ТВ станици и на платформата МАX TV како целовечерен концерт со што трајните вредности ќе допрат до огромна публика. Локацијата  е единствена и уникатна, симбол на македонската државност. Концертот ќе се одржи со камерен оркестар во живо на фестивалска сцена на отворено, на платото пред споменикот Македониум според КОВИД-19 протоколите и правилата.


Самиот концерт ќе има три тематски дела кои ќе ја претставуваат успешната приказна на Република Македонија:

Прв дел- Сонце за првиот свет – традиција, историја и вековност;

Втор дел- Сонце за вториот свет – сегашност, живот, демократија;

Трет дел- Сонце за третиот свет – иднина, надеж, вистински пат”

Концертот ќе трае повеќе од три часа и на него ќе настапат 21 исполнители, со 21-еден познат македонски евергрин во нов аранжман и со нова студиска снимка. Помеѓу песните ќе
има поетски читања на Водителот Огнен Јанески кој заедно со исполнителите ќе даде белег на овој настан.
Ќе настапат: Трио „Џентлемен“, Наде Талевска, Елена Петреска, Сара Гигова, Мина Блажев, Денис Димовски, Драгана Јовановска, Васил Ангелов, Марија Спасовска, Огнен Здравковски, „Шербет трио“ и Александра Трајческа.

To top