Радио Милева

Сон за секоја жена: Стефан од „Некст Тајм“ ги покажа своите неоткриени квалитети, а се пофали и со уште еден успех за гордост (фото)

Сон за секоја жена: Стефан од „Некст Тајм“ ги покажа своите неоткриени квалитети, а се пофали и со уште еден успех за гордост (фото)

За браќата близнаци од „Некст Тајм“ е добро познато дека кога е во прашање музиката и кариерата, трпеливо и внимателно избираат што ќе и понудат на публиката, а ваквата девиза им се покажа како успешна.

Кога пак приватноста е во прашање, за Мартин е познато дека го обожава фотографирањето, а пак Стефан освен што е вљубеник во моторите, сега откри дека има квалитети и за готвење во кујна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan (@stefan_filipovski) on


Дека ужива во одлично приготвените рецепти по сопствен вкус, покажа со една од последните фотографии на која го откри своето кулинарско дело, односно мајсторски подготвениот говетски стек, сервиран како од ресторан.

Дамите кои готват, па и оние што не така добро се снаоѓаат во кујна, сигурни сме дека би се воодушевиле, но најмногу неговата сакана која очигледно е среќничка што има ваков шеф крај себе.

Браќата не се од оние познати личности кои преферираат активно окупирање на социјалните мрежи и знаат да се пофалат само кога има нешто големо, како во случајот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan (@stefan_filipovski) on

Имено, тие на официјалната страница на „Некст тајм“ објавија дека нивната преработка за песната „Слушам кај шумат шумите“ на интернет каналот Јутјуб достигнала 4 милиони прегледи и поради ваквиот успех се заблагодарија на сите оние што им помогнаа во остварување на соништата.

Во продолжение уживаjте во празникот за уши и очи со кој браќата со право се гордеат:

фото:insatgram/stefanfilipovski/prinskreenfacebook

To top