Во студиото на „Гранд“ беше закажано уште едно снимање на „Ѕвезде Гранда“, а Цеца пред почетокот ги расплака Ѓорѓе и Вики, а моментот го сподели на својот Инстаграм.
Имено, пејачката објави видео на кое нејзините колеги плачат и не можат да се соберат по сознанието што им го соопштила.
Додека кумата и рокерот беа во солзи, Цеца низ разговорот ја откри причината за нивните емоции.
– Зошто мојот колега плаче? – праша Цеца.
– Затоа што си луда жена. Не ми се верува дека го пееше ова. Ми пуштивте некоја песна за филмот на Џеј што го правеше Фута. Страшна песна. Не знам што правите, но тоа функционира – рекол Давид.
– О, те сакам, моја емотивна. Како плачеш и ти? – праша Светлана.
– И јас плачам. Ме врати во тоа време и Марина и Џеј и ти и Фута заедно. Немам коментар – рекла расплаканата Вики.
Потсетуваме, на 6-ти декември се навршуваат три години откако почина легендарниот Џеј Рамадановски. Токму на тригодишнината од неговата смрт премиерно ќе биде прикажан филм за Џеј, „Недела“, а насловната песна ја отпеа неговата колешка и пријателка Цеца Ражнатовиќ.
фото: Инстаграм принтскрин/Цеца Ражнатовиќ/гранд онлајн