Мегафон граѓанска иницијатива

„Солидарни за срцето на Скопје – Универзална сала“: Вечерва граѓански собир пред платото на „Универзална сала“ против нејзиното уривање

„Солидарни за срцето на Скопје – Универзална сала“:  Вечерва граѓански собир пред платото на „Универзална сала“ против нејзиното уривање

„Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје – Универзална сала  вечерва, вторник, 11 август 2020 година, пред платото на Универзалната сала со почеток во 20 часот ги повикува сите добронамерни граѓани заедно да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје.

*Ве молиме почитувајте ги мерките за дистанца и носење маски – се вели во соопштението од иницијаторите кое осамна на социјалните мрежи и во медиумите, за собирот кој беше пролонгиран од минатата недела за денес, заради временските непогоди и обилните врнежи.

 

Иницијативата потекна по објавата на конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, кој според замислите на градските власти би требал да никне на местото на „Универзална сала“, која во тој случај би се урнала и дислоцирала на друга локација.

По бурните рекации на граѓаните на социјалните мрежи и во медиумите за ваквата објава, ним им се придружија музичките и естрадните уметници, актерите, културните дејци, авторите, организаторите, промотерите, менаџерите, ивент индустријата…. па се очекува на вечерешниот протест пред платото на „Универзална сала“ и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој  единствен „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија!

 

 

To top