Покрај многубројните реакции против уривањето на „Универзална сала“ на чије место градските власти и градоначалникот Петере Шилегов имаа идеја да никне парк со летна сцена, граѓаните покренаа и граѓанска иницијатива насловена: „Солидарни за срцето на Скопје“ која осамна на Фејсбук.
Имено, денес, четврток, 6 август 2020 година, во 20.00 часот граѓаните и сите добронамерници требаше да се соберат на протест пред платото на „Универзална сала“ и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија!
Но, поради временските непрелики, иницијативата реши собирот со хепенинг да го помести за ВТОРНИК, 11-ти август 2020 год. со почеток во 20 часот.
„Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје- Универзална сала ја известува јавноста дека поради временските прилики и врнежливото време, хепенингот планиран за денес пред платото на Универзалната сала се поместува во вторник, 11.08.2020 година со почеток во 20 часот “ – напишаа во својата објава на Фејсбук иницијаторите.