Убавата Софија Милошевиќ веќе неколку месеци ужива во љубовта со фудбалерот Лука Јовиќ, и повеќе не крие туку гордо истакнува дека е за вљубена до уши.
Манекенката и фудбалерот најпрво ја криеја романсата, меѓутоа, неколку недели откако беа фатени во Мадрид шетајќи додека се држат за рака, манекенката започна да зборува за нивната љубов во медиумите. Како што вели, Лука ја освоил со искреност.
„Јас сум за вљeубена. Јас сум едно големо дете, а Лука ме освои затоа што ја носи во себе истата работа – детската чесност. Децата во нас се препознаа“ – изјзвила Софија.
Бидејќи фудбалерот доби син во февруари годинава со неговата поранешна партнерка Ангела Маниташевиќ, а природата на нивната врска со јавноста беше мистерија, многумина ја осудија Софија кога таа влета во романса со Јовиќ.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/luka-jovikj-trgnal-da-ja-lovi-dara-bubamara-a-zavrshi-so-sofija-miloshevikj-dzvezdata-na-real-ja-muvashe-folkerkata-ja-kjari-manekenkata/
„Ме обвинија за растурање на неговиот брак, иако тој никогаш не бил во брак. Најважно е што двајцата ја знаеме вистината и сме среќни заедно“ – ќе рече манекенката.
Да ве потсетиме, бившата партнерка на Јовиќ, Анѓела Маниташевиќ неодамна за локалните медиуми изјави дека таа и Лука раскинале пред три години, а бременоста се случила непланирано по една нивна случајна средба која ги разгорела старите страсти. Но и тоа дека фудбалерот го гледа својот син, секогаш кога ќе дојде во Србија.