Радио Милева и што правиме сега?

Социјалните мрежи во Србија „зовреа“ зашто Македонија на Констракта не и додели 12-ка на Евровизија, а еве како гласаше српското жири за Андреа во полуфиналето (ФОТО)

Социјалните мрежи во Србија „зовреа“ зашто Македонија на Констракта не и додели 12-ка на Евровизија, а еве како гласаше српското жири за Андреа во полуфиналето (ФОТО)

По завршување на Евровизија социјалните мрежи  зовреа, а реакциите почнаа на Твитер, каде што буквално се водеше војна меѓу Македонија и Србија.

Србите беа проклето лути затоа што очекувале 12 бодови од Македонија, не само 10-ка.

Во финалето,  македонското жири најмногу гласови ѝ даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта, а публиката обратно – 12 поени за Србија, 10 за Шпанија. Украина освои 8 поени од телефонското гласање, додека според македонското жири, победничката песна на Украина не заслужи ниту еден поен.

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска со песната „Circles“ пак го освоила 11-тото место на втората полуфинална вечер, што е за само едно место подолу од првите 10 земји-учеснички кои влегоа во финалето.

Според деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница, Андреа освоила вкупно 76 поени, и тоа 56 од жири и 20 од телефонското гласање.

Податоците кои покажуваат дека Македонија најмногу поени добила од жири-комисијата на Германија, а најмалку од жирито на соседна Србија – само 1 поен.

„И шта чемо сад“?

 

To top