Бојана Родиќ на јавноста прво и беше позната како сестрата на Богдана, сорпугата на Вељко Ражнатовиќ, а сега е снаа на пејачката Гоца Тржан.
Откако е бремена, Бојана вешто се криеше од јавност, а сега е уловена како излегува од еден фризерски салон на Нов Белград.
За оваа прилика, Родиќ беше облечена во црни хиланки и маица во кои одлично се гледа нејзиното трудничко стомаче. Иако нејзината модна комбинација изгледа сосема обично, Бојана својот стајлинг го надополни со торбичка од 1 500 евра.
Исто така, Бојана на себе имаше и обувки од истиот моден бренд кои чинат 1200 евра.
Како што тврди извор кој бил на лице место каде ја фотографирале Родиќ, таа често доаѓала во тој салон и тоа сама.
„Иако е бремена, на Бојана и е важно да изгледа убаво и средено, па често посетува фризерски салон. Некогаш друштво и прават нејзините сестри, а Мирко речиси никогаш не оди со неа. Кога ќе дојде, го паркира својот автомобил, а потоа брзо ќе излезе и си оди. Малку е чудно што со стомак до заби вози сама, но изгледа тоа не и пречи и ужива во секој момент“, вели извроот за ало.рс