Наследничката на Цеца, пејачката Анастасија Ражнатовиќ отсекогаш ја интригирала јавноста со нејзиниот љубовен живот, особено затоа што се обидувала да го сокрие од очите на јавноста.
Иако Анастасија ја криеше својата приватност како „змија нозете“, сепак некои од нејзините врски им беа познати на сите. Првата врска на пејачката беше со Костадин Терзиќ, потоа со кошаркарот Милош Теодосиќ, а последно јавно познато момче и беше Ѓорѓе Куљиќ.
Ѓорѓе Кулиќ
Ѓорѓе Куљиќ е млад бизнисмен кој потекнува од угледно семејство од Нови Сад. Таткото на Куљиќ е исто така е бизнисмен, а една од работните места што му ја остави на неговиот наследник Ѓорѓе е компанија за транспорт на камиони во Америка. Поранешното момче на Анастасија се школувало во Њујорк, а особено интересно е фактот што Куљиќ за време на школувањето делел стан со ќерката на Драган Стојковиќ Пикси, Ања Валенте.
Љубовта меѓу Анастасија и Ѓорѓе наводно се случила на прв поглед, иако Куљиќ се потрудил да ја освои младата пејачка. Иако младиот пар започна да живее заедно во октомври 2021 година, љубовта пукна.
Анастасија неодамна, за време на гостувањето во една емисија откри дека се’ уште е рано да се размислува за брак и деца, бидејќи нејзиниот мајчински инстинкт не се разбудил ниту по раѓањето на внукот Жељко, синот на нејзиниот брат Вељко.
Костадин Терзиќ
Костадин Терзиќ, синот на директорот на “Црвена ѕвезда“, Ѕвездан Терзиќ, на пошироката јавност и стана познат по романсата со Анастасија Ражнатовиќ. Тие двајца уживаа во својата прва, наивна љубов, а кога раскинаа, тоа го направија како да се возрасни, на пристоен и цивилизиран начин.
„Костадин и Анастасија се разидоа пред еден месец, но не поради трето лице. Само затоа што се млади, тоа беше очекувано. Таа има само 18 години, дефинитивно нема да се мажи и да се врзува уште сега. Тоа се млади луѓе , пред нив е живот, врски и врски, љубов и страст“ – изјави тогаш Цеца за медиумите.
Милош Теодосиќ
Анастасија наводно запловила во љубовна врска и со кошаркарот Милош Теодосиќ по раскинувањето со Терзиќ. Таа наводно била во врска со него три месеци, но за несреќа тој во тој момент играл за ЦСКА од Москва во Русија, а пејачката била во Србија. Се шпекулираше дека поранешното момче на Анастасија Константин во тој период и испраќал пораки, на кои таа не сакала да одговори.
На крајот, Анастасија и Милош заради оддалеченоста наводно раскинале, но останале во добри односи, а подоцна Милош ќе се ожени со актерката Јелисавета Орашанин, а Анастасија ќе влета во врската со Ѓорѓе Кулиќ, која сега ја раскинаа.
Фото: Инстаграм принтскрин/raznatovicanastasija/milos.teodosicc/Никола Томиќ/Марина Лопичиќ