Убавата билдерка од Косово, Гентиана Беќа стана светска шампионка во Јужна Кореја каде се одржува Светското првенство во фитнес и бодибилдинг.
Популарната Гета настапи во една од трите категории и во неа освои златен медал. Станува збор за категоријата „велнес“ во која Гета доминантно ја освои титулата светски шампион.
Бидејќи оваа репрезентативка на Албанија, родена во Косово, е во одлична физичка форма, таа е и фаворит во претстојните категории „велнес фитнес“ и „севкупно“.
„Нема емоција што може да опише како е кога на светската арена се вее државното знаме, кога на другата страна на светот се свири националната химна и тоа не прави сите нас исклучително горди. Благодарна сум на Бога што ми даде можност да блескам на Светското првенство“, напиша таа на социјалните мрежи.
Поради одличниот настап и прекрасниот изглед, Беќа преку ноќ стана популарна на социјалните мрежи, а на Инстаграм ја следат околу 200.000 фанови.
Инаку, Гентијана Беќа е родена 1982 година на Косово во Ѓаково, но ја претставува Албанија во бодибилдинг и фитнес.
Таа постигна голем успех во кариерата, но титулата светски шампион секако ќе биде најголемиот трофеј во спортскиот живот на оваа мускулеста убавица.