Радио Милева не е сед и мед и млеко

Со новата љубов и нови проблеми: Поранешната сопруга на Бен Афлек забранила на Џенифер Лопез да се приближува на нивните деца

Со новата љубов и нови проблеми: Поранешната сопруга на Бен Афлек забранила на Џенифер Лопез да се приближува на нивните деца

По вестите дека Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновиле романсата по 17 години, парот не престанува да биде главна тема во регионалните и светските медиуми.

Неодамна, двојката повторно беше уловена на романтичен одмор во Мајами, но веста дека Џенифер и Бен повторно се заедно изгледа не им се допаѓа на нивните поранешни партнери.

Имено, како што пишува „National Enquirer“, Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Бен Афлек со која има три деца, забранила Џенифер Лопез да се приближува на нивните деца.

фото: профимедиа

„ Џен за сето ова со Џеј Ло е многу тажна затоа што е свесна колку Бен е нестабилен во моментот и колку мора да му биде збунувачко за ова обновување на старата љубов. Тој е изгубен веќе некое време и тоа се гледа од ваквите несовесни и ненадејни одлуки. Но, како и секогаш, Бен не сака ничија помош, па овој пат ќе мора да се изгори на сопствена кожа, но на Џен ѝ е доволно“, вели извор извор.

профимедиа

‘Кога Бен беше со Ана де Армас, на Џенифер не и пречеше да биде вклучена во животот на нивните три малечки, пред се затоа што чувствуваше дека врската е сериозна и води кон заедничка иднина. Но, откако раскинаа, таа одлучи дека повеќе не сака да ги вовлекува децата во љубовниот живот на нејзиниот татко, па му забрани на Бен да ги запознае децата со Џеј Ло. Таа е свесна дека ова е само минлива авантура и на нејзините деца не им треба друга личност која ќе влезе во нивните животи преку ноќ и ќе ги напушти исто толку брзо “, вели изворот.

профимедиа

Џенифер и Бен Афлек досега не се огласија по повод пишувањата дека повторно се заедно.

To top