Радио Милева
љубовта на прво место

Со нивниот однос ги рушат сите табуа: Поранешната и сегашната девојка на атрактивниот актер во прегратка (фото)

Со нивниот однос ги рушат сите табуа: Поранешната и сегашната девојка на атрактивниот актер во прегратка (фото)

Манекенката Миранда Кер и актерот Орландо Блум се разделија во 2013 година и секој тргна по својот пат.

Двајцата се во брак три години и го имаат синот Филин. Славната двојка тогаш се договорила што и да се случи меѓу нив, нивниот син секогаш ќе биде на прво место. Во меѓувреме, Орландо ја најде среќата со пејачката Кети Пери, со која доби ќерка, додека Миранда е во брак со ко-основачот на „Snapchat“, Еван Шпигел, со кој доби уште два сина. Меѓутоа, за нив не важи правилото дека поранешната и сегашната љубов мора да се мрази.Напротив, Кејти и Миранда неодамна беа видени на еден настан, а во таа прилика се прегрнаа и позираа за медиумите.

Станува збор за Arts Gala во Лос Анџелес, а за таа прилика Миранда избра елегантен бел фустан, додека пејачката буквално блесна во металик комплет.

Миранда претходно откри дека таа и Кети одлично се согласуваат, а пејачката додаде дека е многу врзана за синот на својот партнер.

„Многу сум среќна што ги споделувам родителските должности со Орландо и Кети“, изјави Миранда за австралиското издание на магазинот „Вог“.

Фото: Принтскрин/ Профимедиа

Останати вести од Радио Милева