Радио Милева

Со месеци се шпекулира дека се разведува и не живее со сопругот: Сања Маринковиќ се огласи и откри што се случува

Со месеци се шпекулира дека се разведува и не живее со сопругот: Сања Маринковиќ се огласи и откри што се случува
фото: принтскрин/пинк.рс

Во последните неколку месеци се шпекулира дека водителката на „Пинк“, Сања Маринковиќ се разведува од својот сопруг Александар  и дека не живеат заедно.

Сања гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ каде што стави крај на гласините и откри како стојат работите во нејзиниот брак.

фото: принтскрин/јутуб

„Можам само да кажам дека како и многумина, јас пред Нова година правам список, а на тој список ми се желбите за работа, здравје и секако желбите за љубов. Сакам во 2020 година да бидам најсакана жена, од утро до вечер, а дали тоа ќе биде во брак или не, тоа ќе размислам“ вели Сања и додава:

„Воопшто не е комплицирано, јас сум една од оние жени кои веруваат дека постои вистинска љубов и дека не е гаранција дека големата љубов ќе заврши во брак кој ќе трае засекогаш. Јас кога се омажив, Страхиња имаше четири години и ни тогаш не барав гаранција колку ќе трае.  Реков дека сакам да бидам најсакана жена во 2020 година, а дали тоа ќе биде во брак или не, ќе размислам. Не сум разведена, времето ќе покаже“ додаде водителката.

фото: Принтскрин/пинк

За потсетување, Сања повеќе од 20 години ја води емисијата „Магазин ин“ каде што обработува разни теми.

Останати вести од Радио Милева