Во последните месеци постојано кружат шпекулации дека Бред Пит е во врска со колешката Алија Шокат, а таа сега се огласи и откри каков однос има со актерот.
Имено, неодамна во интервју за „Vulture“ објасни во каква врска е со Бред Пит.
„Не сме пар, само сме пријатели“ откри актерката.
Таа откри дека не и допаѓа што често ја следат папараци.
„Се’ ова е премногу. Имам чувство како да сум гола во училишниот ходник и сите гледаат во мене“.
Таа истакна дека се дружила со Бред и за време на самоизолацијата, но меѓу нив не се случило ништо, ниту пак се развиле емоции во љубвовна смисла.
Извор близок на актерите истакна дека се дружат бидејќи живеат во близина.