Радио Милева
љубовни лекции

Со која жена принцот Хари ја загубил невиноста? Познатата актерка конечно одговори на тврдењата во кои сите се сомневаат (фото)

Со која жена принцот Хари ја загубил невиноста? Познатата актерка конечно одговори на тврдењата во кои сите се сомневаат (фото)

Елизабет Харли конечно одговори на тврдењата дали таа е „постарата жена“ која го научила принцот Хари на неговите први секс вештини.

Во неговите претстојни мемоари „Spare“ принцот Хари наводно признава дека една постара жена го научила како да води љубов.

Штом светлината на денот ја здогледа информацијата дека како тинејџер Хари првпат влегол во интимни односи „со убава постара жена од село“, љубопитните новинари дознале дека се вика Елизабета, а сега има тврдења дека токму тоа е познатата актерка, Елизабет Харли.

Меѓутоа, во едно неодамнешно интервју за Тајмс, 57-годишната актерска ѕвездата ги негираше тие извештаи.

“Не јас. Не сум јас виновна. Ха!” таа кратко одговори на новинарско прашање за ова повеќе од интригантно тврдење.

Додека новинарите дополнително  притискаа со прашањето, Елизабет жестоко одговори: „Не. Апсолутно не!“ Мемоарите на Хари конечно треба да бидат објавени на 10 јануари 2023 година, откако принцот потпиша договор за книга со издавачот „Penguin Random House“ во 2020 година за кој треба да добие 36,8 милиони фунти (44,6 милиони долари), но, приходите ќе бидат наменети за добротворни цели.

Наведена како „книжевни мемоари“, дебитантската книга на војводата од Сасекс, исто така, ќе даде приказ од прва рака за искуствата, авантурите, загубите и „животните лекции кои помогнаа да се обликува принцот низ годините“.

Фото: Принтскрин/Профимедиа/Ројтерс

Останати вести од Радио Милева