Радио Милева
не сакал да ја види?

Со години не се појавиле на исто случување: Холивускиот заводник не дојде на Оскарите само за да не се сретне со поранешната сопруга (фото)

Со години не се појавиле на исто случување: Холивускиот заводник не дојде на Оскарите само за да не се сретне со поранешната сопруга (фото)

Оскарите се најважниот настан во годината во филмската индустрија, па не е чудно што на оваа церемонија ги гледаме најголемите фаци на Холивуд во нивните најдобри изданија, но оваа година со отсуство на две големи имиња од светот на филмот.

Во прашање се актерот Вил Смит, кому не му беше дозволено да дојде на прославата бидејќи по минатогодишниот напад на водителот Крис Рок, му беше изречена забрана за тоа, а мега познатиот Том Круз, чие отсуство привлече многу внимание бидејќи неговиот филм „Top Gun: Maverick“ доби шест номинации.

Според Дејли Мејл, Круз не сакал да се појави на Оскарите поради многу бизарна причина. Имено, извори блиски до актерот тврдат дека Том избегнал да присуствува на церемонијата за да не мора да ја сретне поранешната сопруга Никол Кидман од која се разведе пред 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise (@tomiicruise)

„Том не беше таму бидејќи таа беше таму, а тој не сакаше да налета на неа“, тврди еден од изворите блиски до Круз, додека друг извор рекол дека неговото отсуство не било од лична природа, туку дека тоа не се вклопи во неговиот распоред, пренесува story.hr.

По разводот Том Круз и Никол Кидман со години не беа видени на исти настани, а на Оскарите таа дојде во придружба на нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Australia (@vogueaustralia)

Инаку, Никол и Том беа во брак 11 години, што е и најдолгиот од неговите три брака (пред Никол беше со актерката Мими Роџерс, а по Никол со Кејти Холмс). Заедно посвоија две деца, а бидејќи беа еден од најпознатите парови во Холивуд, нивниот развод изненади многумина.

Самите не зборуваат за разводот, но долго време се шпекулираше дека разводот дошол затоа што Никол повеќе не можела да го поднесе зголемениот притисок на Скиентолошката црква, на која и припаѓал Том, и водела битка за своето ментално здравје.

фото:A.M.P.A.S. / PictureLux / Profimedia/Instagram

Останати вести од Радио Милева