Радио Милева

Со години криеше од јавност: Главниот јунак на „Есмералда“ сака мажи? – „По првата средба водевме љубов цела ноќ“

Со години криеше од јавност: Главниот јунак на „Есмералда“ сака мажи? – „По првата средба водевме љубов цела ноќ“

Фернандо Колунга важи за еден од омилените актерки кога станува збор за шпанските твновели.

Тој се прослави со улогата на Јосе Армандо Пењареал во „Есмералда.“

Освен што беше омилен актер за бројни продуценти, Фернандо беше омилен и меѓу жените.

„Ма каков Бред Пит, ти за мене отсекогаш беше најсексипилен маж на планетата“ е само еден од многубројните коментари од неговите фанови кои тврдат дека Колунга е како виното – колку постар толку позгоден.

фото: инстаграм

Меѓутоа, атрактивниот актер не сака многу да зборува за својот приватен живот, а многумина тврдат дека е геј. Тој во една прилика се огласи по повод овие пишувања и истакна дека сака жени и планира еден ден да има семејство.

Сепак, неодамна еден непознат маж се обрати на мексиканските медиуми и откри дека три години бил во врска со актерот.

Наводно тие се запознале во 2010 година преку заеднички пријател. Веднаш сфатиле дека имаат исти интереси, но ниту еден не се обидувал ништо.

фото: инстаграм

„Чекав тој да го направи првиот чекор, но ништо не се случуваше. Бев малку тажен бидејќи многу сакав да го продолжам дружењето со него. Повторно се видовме по пет години и тогаш работите беа поразлични.  Фернандо ми кажа дека му се допаѓа и договориме средба насамо. Така и беше. По првиот состанок, водевме љубов цела ноќ. На нашата врска и дојде крај поради неверство“, изјави непознатиот маж.

To top