Мегафон

Со гала оперски концерт отоворање на 21-то издание на фестивалот “Есенски музички свечености”

Со гала оперски концерт отоворање на 21-то издание на фестивалот “Есенски музички свечености”

„Дирекцијата за култура и уметност на Скопје“, ви го најавува отворањето на 21-то издание на фестивалот “Есенски музички свечености”, со Гала оперски концерт на Националната опера и балет на 4-ти ноември (среда) со почеток во 19:00 часот. Диригент е Иван Еминовиќ. Настапуваат оперските солисти: Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстори се Јасмина Ѓоргеска, Ѓургица Дашиќ.

ПРОГРАМА:
Џ. Росини – Увертира од операта „Севилскиот бербер“
Г. Ф. Хендел – Арија на Ксеркс од операта „Ксеркс“
Исполнува: Марјан Николовски

Џ. Росини – Арија на Фигаро од операта „Севилскиот бербер“
Исполнува: Марјан Јованоски

Ж. Бизе – Арија на Микаела од операта „Кармен“
Исполнува: Елена Голомеова

В. А. Моцарт – Арија на Гуљелмо од операта „Така прават сите“
Исполнува: Драган Ампов

Џ. Верди – Арија на Магбет од операта „Магбет“
Исполнува: Ристе Велков

Ш. Гуно – Арија на Џулиета од операта „Ромео и Јулија“
Исполнува: Билјана Јосифов

И. Калман – Арија на Силва од операта „Војвотката на чардашот“
Исполнува: Десанка Глигоријевиќ

Џ. Верди – Хор на циганите од операта „Трубадур“
Исполнува: Хорот на Македонската опера и балет

Џ. Верди – Арија на Виолета од операта „Травијата“
Исполнува: Наде Талевска Спасовска

Џ. Верди – Хор на евреите од операта „Набуко“
Исполнува: Хорот на Македонската опера и балет

Ж. Бизе – Арија на Кармен од операта „Кармен“
Исполнува: Ирена Кавкалевска

Џ. Росини – Дует на Розина и Фигаро од операта „Севилскиот бербер“
Исполнуваат: Билјана Јосифов и Марјан Јованоски

Ф. Чилеа – Арија на Федерико од операта „Арлезијана“
Исполнува: Зоран Сотиров

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Незаборавајте, задолжително е носење заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Проектот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура

To top