Македонската пејачка Елена Ристеска освен тоа што може да пофали со музичка кариера, сега може да се пофали и со нов бизнис на кој е особено горда.
Имено, пејачката неодамна лансираше машки и женски парфем од својата козметичка линија „ЕРА“. Елена во една прилика за „Бекстејџ“ истакна дека рекламната кампања ја работела во кампањи.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/osobeno-gorda-chestitkite-ne-prestanuvaat-da-pristignuvaat-na-adresa-kaj-elena-risteska-foto/
-Последниве две макотрпни години посветени на мојот бренд „Era cosmetics“. Едвај чекам да ви го претставам она поради кое ја ставив привремено во втор план музиката, кажа Елена.
Меѓутоа, она што ја прави посебно среќна, а како што напиша и на својот „Инстаграм“ дека со душа го чекала овој момент е онлајн продажбата.
Имено, оние кои сакаат да ги купат нејзините парфемите тоа ќе може да го направат и онлајн, а доставата за истите е и бесплатна.
„Драги мои, со душа го очекував овој момент, да ви ја најавам ОНЛАЈН ПРОДАЖБАТА на парфемите-ЕРА парфем за жени и ЕРА парфем за мажи. Од утре можете да ги нарачате на официјалната страница www.era-cosmetics.com . Но, исто така можете да ги купите и пробате во салонот за убавина @danielnikolovskiofficial.
На страницата можете да ги дознаете сите детаљи околу состојките на парфемите, околу цената, начинот на плаќање, околу тоа како настана приказната, воедно и да ги видите подетално на фотографии како изгледаат парфемите. Доставата е до вашата врата и е бесплатна. 🙂
Уживајте во новата ЕРА симфонија..“, напиша пејачката на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
По овој повод пристигнуваа честитки на адреса кај Ристеска, а меѓу нив и онаа на Каролина Гочева која и честиташе на својата колешка и другарка, а Елена и се заблагодари за поддршката.
Веруваме дека Елена ќе постигне голем успех во новиот бизнис, а оние кои ќе ги купат парфемите дали за себе или за подарок, ќе бидат презадоволни и редовни корисници.