Радио Милева даде мислење

Со доза на разочарување: Шерифовиќ горда на 5-тото место на Констракта

Со доза на разочарување: Шерифовиќ горда на 5-тото место на Констракта

Пејачката Марија Шерифовиќ се огласи откако Ана Ѓуриќ Констракта го освои петтото место на „Евровизија 2022“.

Марија беше победник на Евровизија пред 15 години кога ја претставуваше земјата со песната „Молитва“, а сега реагираше на учеството на Констракта.

„Мораме да го почитуваме спортскиот дух, а во согласност со тоа, прво да им честитам на победниците, но секако и на организаторите на целиот настан. Нема да ја кријам дозата на разочарување, но потенцирам дека овој пласман на нашата делегација е феноменален. „Повеќето, како и јас, се навистина горди на она што го претставивме. На крајот, би сакала да додадам дека можеби е добро Евровизија да биде профилирана како натпревар во кој гласа или публиката или жирито“, рече Марија.

 

Фото:Принтскрин/Ненад Костиќ/Немања Николиќ/Инстаграм/serifovic

To top