Радио Милева Кога песната ќе те погоди...

Снуп Дог „падна во севдах“ слушајќи го Шабан Шаулиќ : Кралот на балканскиот фолк го разнежни кралот на светскиот рап (ВИДЕО)

Снуп Дог „падна во севдах“ слушајќи го Шабан Шаулиќ : Кралот на балканскиот фолк го разнежни кралот на светскиот рап (ВИДЕО)

„Уморен од ноќта, скршен од животот, на мојот костум траги од дожд, јави се љубов, јас не можам повеќе …“, се стиховите на познатата фолк песна  „Кралице на моето срце“ испеана од кралот на народната музика, покојниот Шабан Шаулиќ.

Верувале или не, токму неа во својот автомобил ја слушаше познатиот рапер Снуп Дог (47), кој инспириран од музиката, а можеби и од текстот „падна во севдах“.


Во еден момент, кралот на светскиот рап  дури и ги затвора очите, што укажува на тоа колку песната го опушта, но и тоа дека ја доживува доста емотивно. Сепак, останува нејасно дали тој навистина го разбира српскиот јазик? Или музиката на кралот на балканскиот фолк има универзална вредност? Или сето ова е само добра монтажа!?

To top