Радио Милева се потсети

„Снимањето секс – сцени со Џенифер беше мачење“- Славниот актер проговори за интимните кадри со Анистон (фото) 

„Снимањето секс – сцени со Џенифер беше мачење“- Славниот актер проговори за интимните кадри со Анистон (фото) 

На Џејк Џиленхал многумина му позавидуваа што снимаше интимни сцени со убавата Џенифер Анистон за потребите на филмот „The Good Girl“, но сега на Хауард Стерн му откри дека тоа не било најдоброто искуство.

Џиленхол се присетил на соработката со ѕвездата на „Friends“ на филмот од 2002 година и истакнал дека снимањето на интимни сцени со Анистон било мачење за него бидејќи таа многу му се допаѓала.

„Беше мачење, да. Чудно, љубовните сцени се непријатни бидејќи ги гледаат можеби 30, 50 луѓе. Тоа не ме возбудува“, вели 40-годишниот актер.

Речиси 20 години откако излезе „The Good Girl“, Џејк вели дека она на кое најмногу се сеќава од снимањето на љубовните сцени е користењето перница. Потоа открил дека Џенифер му предложила да користат перници во текот на вежбањето на сцените за да им биде поудобно и поопуштено.

„Тоа беше нејзин предлог. Беше многу љубезна што го предложи тоа пред да започнеме да снимаме“, раскажал Џиленхол.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top