Започна Новата година, а со тоа и честитките следната година да биде поубава, поуспешна, посреќна и побериќетна.
Македонските јавни личности го искористија овој период за да го поминат со најмалите, најблиските и најсаканите.
Некои се одлучија за домашна атмосфера, некои за забава по ресторани, клубови.
Преку социјалните мрежи голем дел од јавните личности ги открија своите желби за следната година.
Македонската новинарка Снежена Лупевска Созен со семејна фотографија на која се нејзиниот сопруг и нејзиниот син ја честиташе Новата година.
Среќна и бериќетна 2019, напиша Снежена на „Фејсбук“, а под фотографијата се нижеа коментари од нејзините пријатели кои и посакаа убава и среќна година.