Радио Милева
поддршка на колешката

Снежана Ѓуришиќ откри низ што поминува Ана Бекута додека Мрка се бори за живот: „Не и е лесно“

Снежана Ѓуришиќ откри низ што поминува Ана Бекута додека Мрка се бори за живот: „Не и е лесно“

Партнерот на Ана Бекута, Милутин Мркоњиќ Мрка се бори за живот и веќе неколку дена е во болница. Пејачката Снежана Ѓуришиќ откри како овие денови се чувствува нејзината колешка.

-Се слушаме секој ден. Ана е борец и моментално се бори со ситуацијата во која се наоѓа. Не се плашам за неа, но знам дека не и е лесно. Таа се бори колку може и како мора, но таа е силна и знам дека од ова ќе излезе како победник бидејќи и е победник“, вели Снежана и откри како се бори со лошите вести.

-Вербата е она што ме одржува, тоа е она што ми помага во ова лудо време, љубовта кон се, не само кон партнерот. Меѓутоа, кога јас сум во прашање на прво место ми се внуците, децата, околината и фамилијата, вели Снежана.

-Немам страв. Стравот е верување во лоши работи, а јас се потрудив да се едуцирам духовно и да ги прифатам работите кои се неизбежни. Не се плашете, се е веќе запишано“, вели Ѓуришиќ.

За помалку од еден месец, починаа Марина Туцаковиќ, Мерима Његомир и Маринко Роквиќ.

-Останавме без многу драги луѓе за кратко време. Малку сум збунена, тажна и разочарана, не знам ни сама како се чувствувам. Од друга страна одиме понатаму, мораме да живееме, да работиме“, вели Снежена.

фото: принтскрин/инстаграм/ана бекута/снежана ѓуришиќ/ана паунковиќ/дамир дервишагиќ

Останати вести од Радио Милева