Радио Милева

Снежана Ѓуришиќ ја откри новата здравствена состојба на Ѓорѓе Давид: „Ја победи короната“

Снежана Ѓуришиќ ја откри новата здравствена состојба на Ѓорѓе Давид: „Ја победи короната“

Пејачката Снежана Ѓуришиќ се огласи од својот дом и истакна дека Ѓорѓе Давид ја победил короната и наскоро излегува од болница.

Пејачката откри како ги поминува деновите во самоизолација, откри дека е загрижена за својата ќерка која живее во Њујорк.

„Добро сум, фала му на Господ. Го правам она што го прават и другите, кога се во прашање жените на сите им е позната нашата работа, домашните обврски. Читам книги, гледам филмови, ги слушам инструкциите на докторите, ги слушам надлежните и се трудам да се прилагодам..“ вели Снежана во видеото кое е објавено на Инстаграм профилот на „Ѕвезде Гранда Специјал“.

Таа откри како се чувствува и нејзиниот колега Ѓорѓе Давид кој неодамна заболе од корона.

„Во контакт сум со своите колеги. Ѓорѓе Давид ја победи короната, овие денови ќе излезе од болница. Тој е пример дека размислувањето „Мене тоа не може да ми се случи“ може да ве доведе во непријатна ситуација“ вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda) on

To top