Радио Милева успешна жена

Снежана Ѓуришиќ денес е позната пејачка, а некогаш била првак во овој спорт

Снежана Ѓуришиќ денес е позната пејачка, а некогаш била првак во овој спорт

Снежана Ѓуришиќ важи за една од најдобрите и најпознати пејачи во регионот, а малкумина знаат дека во младоста била успешна во еден спорт.

„Бев џудиста баш интезивно. Се занимавав со кошарка и пливање. Тренирав пливање во Црвена ѕвезда. Татко ми секогаш мене и сестра ми не насочуваше кон спорт. Сестра ми започна со фолклор, а јас се префрлив на спорт“, се потсети Снежана.

фото: инстаграм/снежана ѓуришиќ

„Продолжив да тренирам џудо во Белград. Бев првак во својата катерогија во Белград, па во Србија, па во Југославија“, изјави пејачката во „Премиера – викенд специјал“.

Снежана откри дека е точна приказната дека во една прилика се тепала во училиште.

„Точно е, бев џудист, спортист. Постои нешто што сакам да кажам и на што сум горда, не сум горда на тоа што се борев, но јас секогаш прва сум тука за да помогнам и тоа сум горда. Мој идол е Лепа Лукиќ. Се сеќавам дека на 11 години пеев на роденденот на Тито, па таа прослава ми помогна за мојата кариера. Татко ми не можеше да добие трансфер во Белград, а во Краљево немаше средно музичко училиште. Како девојче бев поканета да ја пресечам тортата на Тито, јас седев до него кога тој почна да ме прашува од каде сум, што работи татко ми, јас кажав што сакам и дека татко ми не може да добие трансфер и тогаш татко ми доби трансфер. Јас нев бев свесна за тежината бидејќи бев дете, а децата немаат страв. Тоа ми помогна да се школувам, благодарна сум на Бога и на претседателот“, вели пејачката.

To top