Радио Милева во фокус

Снаата му забележа на свекорот: Јелена Ѓоковиќ лута на таткото на Ноле

Снаата му забележа на свекорот: Јелена Ѓоковиќ лута на таткото на Ноле

Таткото на Новак Ѓоковиќ повторно се најде во центарот на вниманието откако организаторите на Австралија опен му го фукосираа вниманието на политиката на престижниот турнир „несоодветни знамиња и симболи“. Во оваа прилика Срѓан се огласи и официјално.

„Тука сум само за да го поддржам мојот син, немав намера да предизвикувам такви наслови и немири. Бев надвор со навивачите на Новак, како и по сите натпревари на мојот син, за да ја прославам победата и да се сликам со нив. Немав намера да се мешам во сето ова. Моето семејство го преживеа ужасот на војната и сакаме само мир. За да нема мешање во полуфиналето за мојот син или некој друг играч, избрав да го гледам натпреварот од дома. Сакам одличен натпревар и ќе навивам за мојот син, како и секогаш“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srdjan Djoković (@srdjandjokovic_)

Гестот на Срѓан не му се допадна на Тенискиот сојуз на Австралија, а ако се вратиме во не така далечното минато, на една непромислена изјава бурно реагираше и неговата снаа Јелена.

Како што пренесува Story.hr, таткото на Новак Ѓоковиќ за време на телевизиско гостување изјавил дека таа и нејзиниот сопруг и нивното семејство наскоро планираат да се преселат во Србија, што на Јелена не и се допаднало.

– Новак ужива во Белград и едвај чека да дојде. Овде поминува малку време, но за уште една година или две ќе биде жител на својот град и на својата земја – изјави Срѓан во емисијата „Српски свет“.

После тоа можеше да се слушне како Јелена му се жали на таа изјава на Новак, кој наводно се согласил со неа.

фото:Инстаграм принтскрин

To top