Радио Милева

Смрт во семејството на Парис Хилтон: Почина кралот на хотелиерството, неговото богатство се мери во милијарди!

Смрт во семејството на Парис Хилтон: Почина кралот на хотелиерството, неговото богатство се мери во милијарди!

Барон Хилтон, дедото на најпопуларната старлета Парис Хилтон, почина во четвртокот на 91-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја објави неговата фондација Конрад Н. Хилтон, а причината сè уште не е позната.

Парис Хилтон се збогуваше од дедо си со емотивни зборови.

фото:профимедиа

– Многу сум тажна поради смртта на мојот дедо Барон. Тој беше легенда, визионер, паметен и добар. Неговиот живот беше исполнет со авантури и достигнувања. Уште од малечка се огледував него. Јас сум многу благодарна што имав таков ментор. Отсекогаш сакав тој да биде горд на мене. Во нашиот последен разговор пред неколку дена, му реков дека тој има неверојатно влијание врз мојот живот. Неговиот дух, срце и наследство ќе живеат засекогаш – напишала старлетата под видеото со фотографии од неа и дедото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on

Тој беше еден од најодговорните за проширување на нивната империја во индустријата основана од неговиот татко Конрад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on


Тој имаше само 19 години кога започна со деловна активност и во тоа време се здоби со компанија за дистрибуција на цитрусно овошје во околината на Лос Анџелес. Инаку, Барон е дедо на петнаесет внуци и пра-дедо на четири правнуци.

To top