Радио Милева се' им оди мазно

Сместување од 3 илјади евра: Игор Којиќ не се штеди за новата девојка

Сместување од 3 илјади евра: Игор Којиќ не се штеди за новата девојка

По разводот со Северина, Игор Којиќ долго време не беше виден во јавноста со девојка. А сепак, Игор влезе во 2023 година со неколку години помладата партнерка, актерката Теодора Бјелица.

Тие двајца повеќе не ја кријат својата љубов пред пријателите, а моментално ја поминуваат зимата заедно и со нетрпение го очекуваат секој заеднички момент. Сепак, тие се уште се резервирани за љубопитните очи на јавноста.

-По разводот Игор не ни размислувал за љубов, можеби ниту една девојка не го привлекла толку многу што би се заинтересирал како Теодора. Само кога ќе ги погледнеме од страна, ќе видиме дека се навистина среќни. Иако се само на почетокот на врската, функционираат како да се познаваат многу подолго. Целосно се препуштени на моментот, не ја симнуваат насмевката од лицето кога се заедно, отворено зборуваат за се’. Буквално ја засакал – изјавил извор близок до парот за локалните медиуми.

Објавите на Игор и Теодора на социјалните мрежи од Копаоник поддржуваат се.

– Некако кликнаа на првпат. Се разбираат и нема кавги меѓу нив, се договараат за се’ и некако сега за сега оди многу мазно. Ова е нивниот прв заеднички одмор, каде поминуваат 24 часа заедно и таму се најдобро се гледа. Игор не штедеше пари за да ја задоволи Теодора. Избра хотел кој чини повеќе од 300 евра дневно. Сигурно ќе искешира околу 3.000 евра само за сместување, но не штеди кога е во прашање трошењето на времето – изјави споменатиот извор.

Познато е дека парот се запознал преку заеднички пријатели и тоа сосема случајно. Пријателите на Игор велат дека многу му се допаднала и им е мило што го гледаат толку среќен, заљубен и задоволен за прв пат по разводот со Северина.

фото:Инстаграм

To top