Мегафон

„Смарт канта“ и „железни опинци“: Изумите на власта беа мета за потсмев на „Златна бубамара“ (ВИДЕО)

„Смарт канта“ и „железни опинци“: Изумите на власта беа мета за потсмев на „Златна бубамара“ (ВИДЕО)

Бидејќи годинава се измислија многу работи, се измисли и Фонд за иновации и ние решивме да аплицираме таму како тим на Златна буба мара со еден изум кој се вика „смарт кант“, ова го вели актерот Сашко Коцев за време на својот скеч на овогодинешната „Златна бубамара“ на популарноста.

-Овој „смарт кант“ е фотелја која е направена на принципот „јас ли зборам, канта ли тропа“, базирана е на таа платформа, нарачани се 120 нови. Ова е една мултифункционална фотелја изработени од телешка кожа, знаете колку е тазе ова? Нема да ти го запоти задникот, нема да викаат леле задникот го испотивме. Толку е тазе кожата, што кравата уште мука по телето и го бара, толку се тазе направени, раскажува Коцев.

Тој додава дека оваа душече од телешка кожа е мемори задник, ти го памети, можеш и по 15 години да дојдеш и те памети таа.

Целата пародија на Коцев за власта погледнете ја од 27:09 минута се до 32:50.

To top