Мегафон филмска тема

Слушнете ја песната на Лејди Гага за продолжението на „Топ Ган“: Уште отсега и предвидуваат Оскар (АУДИО)

Слушнете ја песната на Лејди Гага за продолжението на „Топ Ган“: Уште отсега и предвидуваат Оскар (АУДИО)

Повозрасните сигурно изворно се сеќаваат, а помладите веројатно подоцна го гледале „Top Gun“, филмскиот хит со Том Круз и Кели Мек Гилис во главните улоги, кој со својата љубовно-емотивна животна приказна темелена на  животот на американските пилоти  ги освои срцата на милиони филмски приврзаници. Покрај филмот, ударната музичка тема “Take My Breath Away” стана голем светски хит, а групата „Берлин“ која ја изведуваше ја вивна во врвот на светската популарност.

Пејачката Лејди Гага сега сними песна под името „Hold My Hand“ за потребите на продолжениото на овој филмски хит, овој пат насловено „Top Gun: Maverick“.

На обожавателите песната им се допаѓа, а дел од нив и предвидуваат и нов Оскар.

„Кога ја напишав песната за „Top Gun: Maverick“ не ни сфатив колку слоеви се простираат нив срцето на филмот, мојата психа и природата на светот во кој живееме. Работев на песната една година, ја усовршував, се обидувам да ја направам наша. Сакав да претворам музика во песна во која ја делиме нашата длабока потреба да бидеме сфатени и да се обидеме да се разбереме едни со други, вели Гага.

Пејачката изрази благодарност за укажаната доверба и дадената можност.

To top