Овагодинешното издание на Евровизија ќе се одржи во Торино, Италија.
Србија ќе избере нов претставник и песна преку две полуфиналиња на 3-ти и 4-ти март и големо финале на 5-ти март.
Македонската пејачка со српска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ оваа година ќе учествува на „Беовизија“ односно ќе биде еден од 36-те учесници која ќе бори да ја претставува Србија на Евровизија 2022.
Имено, Стефан Здравковиќ се откажал од учеството на фестивалот, а на негово место ќе учествува македонската пејачка.
Вчера (08.02.2022), Тијана ја претстави песната „Љуби, љуби довека“ со која ќе учествува на Беовизија, а ако победи ќе ја претставува и Србија на Евровизија во Италија.
Teкстот и музиката се на Леонтина Вукмановиќ, а аранжманот е на Немања Филиповиќ.
Во продолжение слушнете ја песната со која Дапчевиќ ќе учествува на Беовизија.
фото: Инстаграм/tijana dapcevic/јутуб/ртс