Периодов во медиумите се пишуваше дека Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ раскинале, дека таа изгубила негово дете, дека се напила лекови. Eкипата на порталот „Блиц“ ја посетил населбата каде што живее Рада, па соседите открија детали за пејачката.
Дека Рада и Харис се уште заедно потврдила девојка која работи во салон за убавина кој се наоѓа во зградата каде што живее пејачката.
„Еднаш доаѓаше кај нас да прави нокти и беше пријатна. Нејзиното момче Харис доаѓа често и оди во солариум, вели Ана која работи во салонот.
На прашањето дали Харис и Рада раскинале сите три девојки вработени во салонот одговориле:
„Нема шанси тоа да е вистина. Овие денови често ги гледаме заедно“.
Сосетката Соња вели дека пред некој ден ја сретнала Рада во продавница и дека не може да верува колку е убава и пријатна.
„Ја сретнав во маркет, сама ги носеше торбите. Многу е убава без шминка. Ме воодушеви што е пријатна кон продавачките„ вели Соња.
Во бутикот кој се наоѓа покрај зграда немаат убаво мислење за Рада, ниту за нејзиниот стајлинг.
„Беше Рада, но не најде ништо интересено. Кај мене нема ништо убаво за неа, па затоа и не доаѓа. Таа пејачката е вистински „промашај“ за младите“, вели сопственичката на бутикот.
Соседите не веруваат дека Рада се напила лекови.
„Иако отворено зборуваше дека е во депресија, тоа го крие во своите четири ѕида. На улица не може да ја видите тажна, можеби поради тоа е во депресија, бидејќи собира се во себе. Слушнав дека се напила лекови, но не знам дали е вистина“, вели еден сосед на Рада.
фото: снежанакрстиќ