Радио Милева

„Слушај ти “женетино“, седни кога ќе ти кажам“: Паднаа тешки навреди меѓу Вики и Поповиќ: „Ти си неписмен“

„Слушај ти “женетино“, седни кога ќе ти кажам“: Паднаа тешки навреди меѓу Вики и Поповиќ: „Ти си неписмен“

Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ знае да дојде до кавги меѓу членовите на жирито и да си упатат навредливи зборови.

Во последната емисија, жестоко се скараа Вики Миљковиќ и Саша Поповиќ, а ова е првпат тие да се скарат толку жестоко и Вики да го навреди директорот на „Гранд“.

Имено, Вики му забележа на Поповиќ дека не се однесува фер кон кандидатите бидејќи на музичките уредници кои работат кај него им дозволил да грешат во интонациите  и со самото тоа грешат и кандидатите. Тоа многу го изнервира Поповиќ, па следуваше кавга.

фото: принтскрин/инстаграм

Вики и Поповиќ се скараа бидејќи пејачката тврдеше дека девојката требало да пее еден тон повисоко.

„Двете песни и беа многу ниски на девојката, па така јас сум во дилема како пееше девојката.  Саша тоа значи дека твоите музички уредници не работат како што треба, тоа не треба да ви се случува“ викаше Вики, па Поповиќ се обиде да и објасни дека пејчката не е  во право.

„Чекај, бре, Вики.  Матрицата е испратена во тоналитетот во која девојката треба да пее. Кога дојде на проба, девојката побара да пее еден тон пониско, така да Вики немој ти да ми кажуваш како и што треба. Во првиот круг кандидатите сами бираат од каде ќе пеат, а кога менторите ќе земат кандидатите тогаш тие одредуваат дали треба да се намали тонот или не. Ајде кажи за колку повисоко (вишље) требаше да пее“ викаше Поповиќ, а Вики му одговори:

фото: Принтскрин

„Прво ти си неписмен и не се вели „вишље“ него „више“.Друго, требаше за еден тон повисоко да пее. Не може реално да ги слушнеме пејачите бидејќи ти не правиш ништо за тоа“ вели Вики, а Поповиќ продолжи да се кара:

„Слушај ти „женетино“  седи кога ќе ти кажам. Седи бре и немој да ми кажуваш како и што треба да правам“ викаше Поповиќ.

Миљковиќ не престана да се кара.

„Значи дојде време јас тебе да ти ги поправам грешките Поповиќ“ а на ова изјава директорот на „Гранд“ полуде.

„Така е како што ќе кажам јас и така ќе биде, а тоа што ти го зборуваш Вики исто е како пишуваш низ ветар. Затоа седи и молчи. Девојката сакаше така да биде и да ја завршиме дискусијата“ заврши Поповиќ.

За потсетување, ова не  првпат да се скараат Саша и Вики, но е првпат како пејачката го понижи директорот.

https://www.youtube.com/watch?v=OdPJrOwhSG8&t=2890s

 

To top