Пејачката Катарина Каќа Живковиќ гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ заедно со нејзината колешка и пријателка Кија Коцкар.
Пријателките во таа прилика ја играа играта „вистина или лага“, во која Каќа раскажа неверојатна анегдота од периодот на растење.
„Тоа ми се случи многу оддамна, но е тажна приказна. Го вшмукав папагалот. Случајно, а можеби и малку и намерно“ – изјави Живковиќ.
Таа приказна е вистинита! Ми личи на тебе, рече Кија.
„Папагалот преживеа“ – рече Каќа, додека Кија се прашувала: „Како го преживеал тоа… како се случи да го вшмукаш со правосмукалка“?
„Јас сум единица и со самото тоа сум многу приврзана за моите родители. Еден ден тие решија дома да купат папагал, и одеднаш во куќата само се зборуваше за него. Папагалот, па папагалот…“ – рече пејачката и додаде:
„До кога веќе? Каде сум тука јас? – се запрашав и отидов кај него. До душа, само сакав да го заплашам, но ете… случајно го вшмукав со цревото од правосмукалката“ – рече пејачката низ смеа.
Фото: Инстаграм принтскрин/katarina_zivkovic_official