„Сломи ме“ е името на првиот албум на младиот и талентиран пејач Теди Грубица, што нашата публика го запозна после учеството на „Охрид фест“. Албумот е во издание на Croatia Records, содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров а како автор е застапен и Горан Шарац. „Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна сосема случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и огромно внимание, а така и започна соработка со Григор Копров. Така се родија и песните „Ти си у крви“ и „Сувенир“, учество на Фестивалот на шансона во Шибеник, Сплитски фестивал и Охрид фест. Му посакуваме многу успех и малку среќа на Теди, во ова време каде царуваат инстант вредности е вистински куриозитет издавање на албум.