Радио Милева

Слободан Радановиќ се жени, а веќе е одреден и датумот на венчавката

Слободан Радановиќ се жени, а веќе е одреден и датумот на венчавката
фото:„Ata images“

Пејачот Слоба Радановиќ е сигурен дека сака да го помине својот живот покрај Јелена Ѓуричанин, а парот закажа венчавка за 19 септември во 14 часот во општина Вождовац.

Тие се решија на тој датум затоа што сметаат дека ситуацијата со коронавирусот до тогаш ќе се смири целосно, а после тоа ќе имаат и свадбена забава во истиот ден.

– Пред неколку дена, Слоба и Јелена дојдоа во општината за да закажат граѓанска свадба. Тие побараа да биде во средината на септември, односно на 19-ти – открил извор од општината.
Двојката не сака огромна свадба, но толку голема што можат да ги поканат сите луѓе кои ја поддржале нивната љубов уште од самиот почеток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S L O B A (@slobaradanovic) on

– Планирани се 300 луѓе, Слоба и Јелена не сакаат нешто премногу големо, но сепак треба да ги почитуваат сите нивни пријатели, роднини и бројни колеги. Јелена веќе избира венчаница. На неа и се допаднаа три модели на светски дизајнери. На неа и се допаѓа едноставниот, но ефективен крој, како и совршено прилагодената венчаница во боја на шампањ. Декорацијата ќе биде со сведени бои, со многу бели цвеќиња – рече изворот за српските медиуми.

– Двајцата сакаат да го ангажираат бендот „Магла“, кој е многу популарен во моментот и секогаш задолжен за одлична атмосфера.

За потсетување, Слоба и Јелена ја започнаа својата врска минатата година. Таа се разведе од сопругот Игор Марковиќ, со кого има два сина, а пејачот, штом ја виде, знаеше дека таа е жена на неговиот живот. Слоба, исто така, има еден брак зад себе, со колешката Кија Кокар.

Останати вести од Радио Милева