Радио Милева
сензација или шпекулација?

Слобо купил прстен и влегува во „Задруга 2“ јавно да ја запроси Луна!? (ФОТО)

Слобо купил прстен и влегува во „Задруга 2“ јавно да ја запроси Луна!? (ФОТО)

Иако со месеци немале контакт изгледа дека љубовниот пламенот меѓу нив не згаснал, а чувствата уште повеќе се разгореа со почетокот на „Задруга 2“.

Луна Ѓогани уште првата вечер кога стапна во шоуто откри дека спомените и се вратиле и дека и е многу тешко, бидејќи таа се’ уште го сака Слоба. Таа не ги криеше дури ни солзите што нејзиното ријалити момче, со кого таа помина десет месеци во „Задруга 1“, не е покрај неа.

Слобо најмногу го погоди, кога во пресрет на нивната годишнина влезе во режијата на „Пинк“ и со мутиран глас зборуваше со Луна, која тој ден беше толку емотивна  што буквално молеше Бога Слоба да се  појави однекаде.

Тој им се доверил на своите пријатели дека е на работ на Луна да и каже отворено дека ја сака. Кога си заминал дома, ноќта не спиел,размислувал што да направи, за Луна да сфати дека  му е жал што и го свртел грбот по завршувањето на „Задруга 1“ и дека тоа го боли – пишува „Српски телеграф“.

Знам дека мене никој нема да ме сака како Луна и никаде нема да најдам таква девојка – му се доверил Слоба на својот соработник, пишува медиумот.

Како што понатаму  наведува изворот на „Српскиот телеграф“, Слоба сфатил дека единствениот начин да му биде простено е Луна јавно да ја запроси. Тој купил прстен од познат златар и верува дека во следниот месец, јавно ќе ја побара за жена, во реалното шоу.

Останати вести од Радио Милева